Македонија
(Видео) Нови клупи и корпи на кејот на Вардар, продолжува и чистењето на коритото, соопшти Град Скопје
Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, соопшти Град Скопје.
На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.
Од Град Скопје посочуваат дека со новата опрема просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители.
Паралелно со овие активности продолжуваат редовното одржување на кејот и акциите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
