Контакт

Македонија

(Видео) „Водата што ја прогласија за ‘техничка’ и дека може да ја користат граѓаните на Гостивар има бактерија“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!“, кажа Елена Радеска, СДСМ.

„Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија.

Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал. Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози.

Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните.

Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. И повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија.

Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: Христијан Мицкоски, Сашо Клековски и сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал“, изјави Елена Радеска, СДСМ.

Најново

Македонија12 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава24 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија34 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа36 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт38 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа41 минута

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет45 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт46 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава53 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...