Македонија
(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува.
„Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува“, рече Ангелов.
Додаде дека Дирекцијата ги активира тимовите за брз одговор бидејќи линијата на пожарот е долга неколку километри.
Исто така, на пат кон селото се четири пинцгаури на ДЗС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
