Македонија
(Видео) Опасен пожар кај Градско: „Ќе следи долга битка“
Голем пожар избувна некаде околу пладне меѓу селата Горно и Долно Чичево, Општина Градско.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото информира дека пожарот се проширил и најави дека ќе следи долга битка со огнот.
„За жал ја изгубивме почетната контрола. Се работи за сува трева која зафаќа голема површина. Пожарникарите останаа без вода, овде ќе следи долготрајна битка“, рече Ангелов.
Тој најави дека во помош ќе стигнат и „ер тракторите“ на ДЗС, хеликоптер на МВР, како и четирите возила „пинцгауер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
