Контакт

Македонија

(Видео) Петрушевски: Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требало да ги добие за местениот тендер

Објавено пред

Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација. Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски подароци за Богац, а само една од траншите која требало да ги добие Богац била во висина од над 110 илјади денари. Јавноста заслужува да добие одговори, колку пари требал да добие Богоев, поранешниот директор на Царинската управа, за да го намести овој тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали вреден 18 милиони денари“, рече тој.

Според Петрушевски, во прилепските кругови се знае многу добро кој е Џемо. „Тепач на свои сограѓани кои не мислат како него, човек кој бил одговорен за поткупување на гласачи, и како главен кадровик и сива еминенција во огранокот во Прилеп на СДС“, рече Петрушевски.

Од другата страна, додаде тој, го имаме несудениот наследник на Зоран Заев, детето на СДММ кој тргнал по стапките на неговиот ментор.

„Ако Заев земаше една евро за брат му, Богац зема илјадници ама за него. Матрицата на СДС не се менува. Криминали, афери, скандали, тендери и провизии. Тоа е вистинското лице на СДС“, вели Петрушевски.

Најново

Македонија2 минути

По десетминутна потера фатен косовскиот државјанин кој насилно ја преминал границата и повлекол цариник со возилото: пронајдена дрога и оружје

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал...

Македонија8 минути

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи...

Спорт10 минути

„Лапорта многу добро знае каде ќе игра Алварез следната сезона“

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина,...

Македонија12 минути

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Црна хроника18 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт25 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...

Македонија53 минути

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни...

Спорт56 минути

Гвардиола за СП, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал

Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското...

Забава58 минути

(Фото) Навивачите брутално ја нападнаа девојката на Мбапе: Ѕвездата на Нетфликс е виновникот

Француската репрезентација беше еден од фаворитите на ова Светско првенство, но сепак, беа сопрени во полуфиналето, губејќи од Шпанија. Многу...