Контакт

Македонија

(Видео) „Повторно водата во Гостивар не е безбедна – зборот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не значи“, вели Стојчевски

Објавено пред

„И повторно водата во Гостивар не е безбедна за пиење. По сите најви, по сите ветувања, по сите „анализи што покажуваат подобрување“ – граѓаните сè уште не смеат да ја пијат водата од чешма. Веќе пет недели. Температурите се многу високи, граѓаните немаат вода. Локалниот кризен штаб ја продолжува забраната“, вели Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„Се дели вода на пет точки. Селата и делови од градот сè уште се на техничка вода. Граѓаните веќе јасно разбираат: Зборот на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО ништо не вреди. Ова не е изолиран случај. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е чиста.

Реката Лепенец и Вардар беа бели од хемиско загадување.Сега истите сцени ги гледаме и на реките Тополка и Бабуна. Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Велес, реките Тополка и Бабуна се микробиолошки загадени и не се препорачуваат за капење. Бидејќи езерото Младост е под забрана веќе две години, единствена безбедна опција за граѓаните останува градскиот базен.

На почетокот на кризата во Гостивар криеја. Лажеа. Го минимизираа проблемот. Исто како што кријат и сега за другите загадувања.

Сè е по истиот принцип. Прво се крие. Потоа се највува. На крај граѓаните остануваат без безбедна вода, а тие продолжуваат со прес-конференции. Кога една власт постојано лаже за основните работи – вода, воздух, здравје, тогаш повеќе никој не верува ниту на една нивна изјава.

Гостивар е само најновиот доказ. Зборот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ повеќе ништо не значи“, изјави Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Најново

Македонија24 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет28 минути

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет30 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт44 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија48 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија51 минута

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт58 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија59 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...