Контакт

Македонија

(Видео) „СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот“, вели Манасиевски

Објавено пред

„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста мора да знае, дека овој Закон е дел од Реформската агенда, и тој се носи со сугестии и забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР.

Упатуваме јасна порака до СДС и до Левица, да предложат амандмани со кои бараат корекција на начинот на заокружување и на поднесување на приговори и да ги повлечат другите амандмани и заедно, консезуално да го донесеме овој Изборен законик.

Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога вештачката интелигенција има клучна улога.

Венко Филипче и Димитар Апасиев, со блокада на овој Закон, сакаат директно да и нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст.

На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно, одговорно и транспарентно. Им пречи што сме први во регионот во исполнување на реформи од Реформската агенда и во повлекување на финансиски средства од Планот за раст.

Ние ќе продолжиме по тој пат, бидејќи тој пат е вистинскиот за Македонија“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Свет4 минути

(Видео) Ураган од категорија 5 се движи кон Хаваи – жителите очекуваат поплави

Жителите на Хаваи се соочуваат со сериозна закана бидејќи ураганот Лоуел се засили до бура од категорија 5 и се...

Забава10 минути

(Фото/Видео) Таа беше и останува дива

Џина Дејвис се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без зборови. Нејзиниот препознатлив шарм не избледе...

Спорт17 минути

(Видео) Атлетико настрада во Баскија

Атлетико Мадрид, кај имењакот од Баскија, Атлетик Билбао го доживеа првиот пораз во сезоната. Баските славеа убедливо со 3:0. Четата...

Спорт24 минути

(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја...

Спорт35 минути

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава50 минути

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...

Забава1 час

(Фото) Алкараз во врска со секси русокоса? Нејзините фотографии во бикини го засенија Отвореното првенство на САД

Сите пишуваат за потенцијалната девојка на Карлос Алкараз, и иако нема официјална потврда за тоа, нејзината популарност расте од ден...

Забава2 часа

Чини малку, но прави чуда: Моќно решение поради кое сите растенија цветаат „како луди“

Раствор за наводнување на цвеќиња од околу 50 денари ги обновува зелените лисја и бујните цвеќиња. Состојките се во секој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Најбараната убавица блесна во винтиџ фустан: По голите изданија – ова е сензација

Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се...