Контакт

Македонија

(Видео) СДСМ бара оставка од Тошковски

Објавено пред

СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради последните случувања во земјата.

„Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла. Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност. За сите пропусти, за промашената превенција, несоодветното постапување на МВР јасна е одговорност на министерот Панче Тошковски“, изјави Симона Цветаноски од СДСМ.

Таа додаде дека во последните две години со ВМРО на власт, живееме во држава во која насилството е секојдневие, во училиштата, во домовите, на улиците.

„Дури и безбедноста на децата е загрозена. Само од почетокот на годинава имаше три грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници во Скопје, Гостивар, Неготино. Превенција никаква. А наместо одговорност, неказнивост. Семејно насилство на секој чекор – со случаи кои завршуваат трагично, и покрај претходни пријави. Згаснаа животи на мајка и малолетно дете – МВР на чело со Панче Тошковски не ги заштити. И покрај 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана – МВР било слепо и глуво. Насилник во Велес ја уби младата Росица и нејзиниот татко – уште едно во низата потврдувања дека МВР и Тошковски потфрлија. Сериски убиец во Кумановско Старо Нагоричане уби пет жени, додека две години биле игнорирани пријавите на жителите – МВР и Тошковски повторно потфрлија. Ни се случи најголемата трагедија, во Кочани згаснаа 63 жртви. Тошковски ги штитеше неговите началници. Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола. Пет тони еј. До ден-денес нема одговор од МВР како поминале, и кој ќе одговара во врвот на власта“, рече Цветаноски.

Таа додаде дека ниту една прес-конференција на министерот Тошковски нема да ја врати довербата на граѓаните и дека одговорност мора да има.

Најново

Европа2 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт4 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа6 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет11 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт11 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава18 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт19 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...

Црна хроника19 минути

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија24 минути

Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors...