Контакт

Македонија

(Видео) СДСМ: Функционери на власта со бугарски пасоши глумат лажни патриоти

Објавено пред

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија, обвини денеска портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, власта нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните.

„Вистинските предавници на македонските национални интереси се во Владата на Мицкоски. Половина од оваа тендер-коалиција има бугарски пасоши. Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени пасоши на ЕУ, а глумат лажни патриоти пред народот“, изјави Кузеска.

Кузеска истакна дека токму оние кои со години земале бугарски документи за личен интерес, денес не сакаат да ги внесат малцинствата во Уставот бидејќи не им одговара европска и правна држава, туку изолирана и корумпирана Македонија во која „криминалната мрежа на ВМРО-ОКГ ќе продолжи да краде“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно време

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според прогнозата, од утре до почетокот на следната седмица претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви со променлива облачност.

Поради зголемената нестабилност во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија, задржан спорниот дел за историјата

Објавено пред

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија.

Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ.

Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да постигне јасни и опипливи резултати. Притоа се наведува дека толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа треба да се темели на објективни, автентични и со докази поткрепени историски извори и документи, во согласност со Вториот протокол од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

„Извештајот детално ги разгледува областите во кои се постигнува напредок и покажува дека земјата јасно се движи по патот кон Европската Унија. Истовремено, нагласува дека сè уште се потребни одредени реформи“, изјави Вајц.

Во документот се посочува дека Северна Македонија заостанува во владеењето на правото, додека уставните измени и понатаму остануваат услов за продолжување на пристапниот процес.

Во конечната верзија на извештајот се наведува дека, и покрај одреден напредок, реформската агенда се спроведува бавно, а институционалните слабости и недостигот од политичка волја ја намалуваат довербата во системот. Посебен акцент е ставен на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар

Објавено пред

„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think.

Тој нагласи дека стратегијата, поттикната од енергетската криза, веќе дава конкретни резултати преку реални инвестиции во училиштата и јавната инфраструктура.

Покрај реализираните фотоволтаични системи во ООУ „Киро Глигоров“, посочи Герасимовски, Општина Центар планира нови системи во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“ за што се обезбедни финансиски средства.

„Ефектите се многу реални: намалени трошоци за електрична енергија, поголема енергетска сигурност и поефикасно користење на јавните ресурси. Секој заштеден денар од енергијата се враќа назад во образованието, спортот, културата и услугите за граѓаните. Сакам Центар да биде препознаен како општина која не само што ги следи европските трендови, туку и ги поставува стандардите за другите локални самоуправи во државата,“ рече Герасимовски.

Управителот на ТД „Енергија Центар“, Игор Бимбилоски, истакна дека процесот на енергетска транзиција носи резултати, но и одредени предизвици.

„Најчесто тие се во делот на административните процедури и координацијата со институциите, но тоа нè прави уште пофокусирани и поодлучни да продолжиме со реализација на проектите,“ посочи тој.

Бимбилоски порача дека „Енергија Центар“ претставува нов модел на локален развој, насочен кон поефикасно управување со енергијата и поодржлив урбан развој за идните генерации.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

(Видео) Трамп за египетскиот претседател: Се заљубив во него штом го видов

Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 во Франција упати пофалби кон египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, присетувајќи...

Спорт39 минути

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во...

Македонија1 час

Сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно време

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој...

Регион1 час

Црна Гора очекува брзо решение на отворените прашања со Хрватска

Црна Гора е оптимист дека во наредните месеци ќе успее да реши поголем дел од отворените билатерални прашања со Хрватска,...

Свет1 час

Русија ја обвини Украина за напад со дрон врз автобус со деца, Киев демантира

Русија ја обвини Украина дека со дрон нападнала автобус кој превезувал детска фудбалска екипа од Белорусија низ Брјанската област, во...

Македонија1 час

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија, задржан спорниот дел за историјата

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија...

Свет2 часа

Украинскиот министер за одбрана: Крим ќе стане изолиран остров

Украинскиот министер за одбрана Иван Федоров изјави дека украинските сили успешно спроведуваат стратегија за изолација на Крим преку масовна употреба...

Свет2 часа

Фон дер Лајен: Во заеднички интерес на ЕУ и САД е користењето на најдобрите АИ модели

Претседателката на Европската комисија,  Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е во заеднички интерес на САД и Европската Унија...

Македонија2 часа

Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар

„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ ,...