Контакт

Македонија

(Видео) „Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски“, вели Штерјова

Објавено пред

„’Од брат да ми е ќе одговара’ – до никој не одговара! Мицкоски го штити Тошковски. И обратно, Тошковски го штити криминалот на арамијата и Организираната криминална група. Сè што власта прави е фарса. Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница“, вели Кети Штерјова од СДСМ.

„Наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар. Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ…

Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Со МВР раководи Панче Тошковски. Со МБР Тимчо Муцунски. Владата ја води арамијата Христијан Мицкоски.

Целата одговорност е кај нив. Полицијата во рацете на власта служи како заштита на криминалот на власта и алатка за гласање. Ништо друго.

Пет тони дрога поминаа преку граница. Safe City без закон кој ќе го контролира.

Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода.

Артан Груби излегува на слобода со прослава. Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон.

ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери. Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште.

Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот.

Се е фарса. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена“, изјави Кети Штерјова од СДСМ.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...