Контакт

Македонија

(Видео) Штерјова: Цените растат, граѓаните плаќаат, Мицкоски повторно доцни со половични мерки

Објавено пред

Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ.

Ова, вели таа, е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон.

„Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на акцизата. Повторно половична и задоцнета мерка, која нема да го намали ценовниот притисок врз граѓаните.

Мицкоски не донесе ниту една мерка за работниците, за социјално ранливите граѓаните – во сред криза ги остави да преживуваат и да го бројат секој денар за живот“.

Секоја негова мерка доаѓа предоцна, оценува таа, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании.

„Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како премиер кој треба да ги штити граѓаните.

Прво ги игнорира проблемите, преставува лажна слика дека нема проблем. Па кога цените ќе експлодираат, излегува со половични и задоцнети мерки кои немаат никаков ефект.

Власта ги одби сите предложени мерки на СДСМ за да се запре поскапувањето на сите животни намирници и да се помогне на ранливите и загрозените категории на населението“.

Како што оценува, штетата е веќе направена.

„Цените на горивата и храната се вивнати и нема да се вратат назад.

Скапо ги чини граѓаните оваа политика на Мицкоски со која го урниса животнитот стандард.

Наместо Мицкоски да ја турка државата во економска и социјална бездна веднаш да преземе мерки.

Уморни се граѓаните од најави и чекања, живеат полошо и поскапо отколку пред две години – им требаат конкретни мерки кои ќе ги заштитат нивните плати, стандард и семеен буџет“.

Најново

Регион22 минути

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...

Забава22 минути

(Фото/Видео) Девојката на Јаник Синер „жари и пали“ во Венеција, а од него нема ниту трага, ниту глас

Венецискиот филмски фестивал собра многу лица надвор од филмската индустрија. Вистинско изненадување беше моделот Лаила Хасановиќ. @lailahasanovic arrived for the...

Македонија26 минути

(Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци?

Лозарите во Тиквешијата се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето и ниските откупни цени, а Владата на ВМРО-ОКГ...

Свет35 минути

(Видео) Ураган од категорија 5 се движи кон Хаваи – жителите очекуваат поплави

Жителите на Хаваи се соочуваат со сериозна закана бидејќи ураганот Лоуел се засили до бура од категорија 5 и се...

Забава42 минути

(Фото/Видео) Таа беше и останува дива

Џина Дејвис се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без зборови. Нејзиниот препознатлив шарм не избледе...

Спорт48 минути

(Видео) Атлетико настрада во Баскија

Атлетико Мадрид, кај имењакот од Баскија, Атлетик Билбао го доживеа првиот пораз во сезоната. Баските славеа убедливо со 3:0. Четата...

Спорт56 минути

(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја...

Спорт1 час

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава1 час

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...