Контакт

Македонија

(Видео) Штерјова: Изворот на труење не е ставен под контрола, има нови случаи на заболени и реинфекции во Гостивар

Објавено пред

Додека граѓаните пет недели чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ.

„Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет недели граѓаните немаат безбедна вода за пиење во среде лето со пеколни температури. Пет недели Клековски и Мицкоски даваат различни изјави и и ветувања дека проблемот е пред решение и пет недели немаат решение. Си играат со здравјето на жителите на Гостивар, додека 5.000 граѓани се отруени“, рече Штерјова.

Таа обвини дека се криеле информации за водата и дека не е објавен никаков извештај кој одобрил водата да се користи како техничка иако власта потврдила дека во водата има бактерии.

„Пет недели нема одговорност ниту од министерот за здравство Клековски, ниту од институциите кои потфрлија во заштитата на здравјето на граѓаните. До 20 ти август за кога Клековски најави дека ќе бидат готови резултатите од анализите, опасноста од нови и реинфицирани случаи е присутна. Јасно е дека на Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ не може да им се верува – нивниот збор повеќе ништо не значи. Дозволија кризата да ескалира, бидејќи задоцнија во секој чекор – од прогласување на епидемијата до преземање мерки. Дозволија да има и нови случаи на затруени граѓани и реинфицирани поради несопособност“, рече Штерјова.

Таа праша до кога ќе молчи јавното обвинителство и кажа дека СДСМ нема да дозволи ова да се заташка.

„Одговорност за труењето на цел еден град мора да има – и политичка и кривична“, рече Штерјова.

Најново

Регион16 минути

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...

Забава17 минути

(Фото/Видео) Девојката на Јаник Синер „жари и пали“ во Венеција, а од него нема ниту трага, ниту глас

Венецискиот филмски фестивал собра многу лица надвор од филмската индустрија. Вистинско изненадување беше моделот Лаила Хасановиќ. @lailahasanovic arrived for the...

Македонија21 минута

(Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци?

Лозарите во Тиквешијата се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето и ниските откупни цени, а Владата на ВМРО-ОКГ...

Свет30 минути

(Видео) Ураган од категорија 5 се движи кон Хаваи – жителите очекуваат поплави

Жителите на Хаваи се соочуваат со сериозна закана бидејќи ураганот Лоуел се засили до бура од категорија 5 и се...

Забава36 минути

(Фото/Видео) Таа беше и останува дива

Џина Дејвис се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без зборови. Нејзиниот препознатлив шарм не избледе...

Спорт43 минути

(Видео) Атлетико настрада во Баскија

Атлетико Мадрид, кај имењакот од Баскија, Атлетик Билбао го доживеа првиот пораз во сезоната. Баските славеа убедливо со 3:0. Четата...

Спорт50 минути

(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја...

Спорт1 час

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава1 час

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...