Контакт

Македонија

(Видео) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

Објавено пред

Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија, обвини Кети Штерјова од СДСМ.

„СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена – веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО. Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите“, вели Штерјова.

Според неа, затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде, како што рече, се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки.

„Дополнително, доаѓа и медиумскиот мрак, по истиот рецепт. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски. Мицкоски, ова веќе е премногу. Копирањето на Вучиќ станува смешно“, рече Штерјова.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт3 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...