Контакт

Македонија

(Видео) Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа – Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Објавено пред

„Се потврдува она што го говори СДСМ, Иван Стоилковиќ, соработник на Мицкоски и министер во неговата влада, работи за кинеската и руска агнеда. По години застапување на српски и руски интереси, по кредитот од една милијарда евра, со кинески пари, што Мицкоски го зеде преку Орбан, сега Стоилковиќ промовира проекти исто така со кинески пари. Најавува стратешки инвестиции со Кина и бизнис интереси на туѓи земји“, вели Кети Штерјова, СДСМ.

„Додека САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот министер на Мицкоски отворено промовира кинеска соработка и патува во Кина.

Во стратешки документ на Стејт департментот се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание.

Стоилковиќ јавно удира врз стратешките интереси на Македонија заедно со уредникот на 40% од Орбановите медиуми – Началникот Латас.

Засилувањето на ова влијание, ќе се зголеми со доаѓањето на српската медиумска машинерија преки Ало и Еуроњус во Македонија на чело со Ивона Талевска.

Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси“, изјави Кети Штерјова, СДСМ.

Најново

Спорт1 минута

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника6 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија8 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија11 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт17 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт31 минута

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава38 минути

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...

Спорт40 минути

„Марка“: Хаос на Местаља, Ридигер му удрил тупаница на човек од обезбедувањето

Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил...

Забава45 минути

Во друштво на убавата свршеница помлада од него 44 години: Мик Џегер не крие дека е лудо вљубен

Мик Џегер и Мелани Хамрик ретко се појавуваат во јавноста, а секогаш кога ќе го сторат тоа, разликата во нивните...