Контакт

Македонија

(Видео) Шукова: Убиства, дрога, насилства, колку жртви уште треба за Панче Тошковски да поднесе оставка

Објавено пред

После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем, се отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, кажа на денешната прес-конференција Каја Шукова од СДСМ.

Според неа, дека нема морал, дека нема систем, граѓаните веќе одамна знаат.

Но жртвите, како што вели, стануваат премногу.

„Премногу човечки животи згаснаа, премногу семејства се уништени, премногу трагедии се потврда дека МВР не функционира, ниту како превенција ниту како заштита.

Пред само неколку дена, 37-годишна жена беше убиена во Скопско, во случај кој повторно наликува на фемицид.
Семејното насилство е на секој чекор и сè почесто завршува трагично, иако претходно имало бројни пријави кои МВР ги игнорирало.

Млада жена и дете беа убиени и покрај 12 пријави за насилство. МВР било слепо и глуво.

Во Велес, насилник уби жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане, сериски убиец со години убивал жени додека институциите игнорирале предупредувања.

Во Кочани згаснаа 63 животи, а до денес нема вистинска одговорност.

Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола. Пет тони дрога – без одговорност“.

Во последните две години, со ВМРО-ОКГ на власт и Панче Тошковски на чело на МВР, како што истакна, Македонија живее во страв, несигурност и насилство кое стана секојдневие во училиштата, во домовите, на улиците.

Шукова нагласи дека секој ден слушаме за нови жртви, нови трагедии, нови случаи во кои системот потфрлил.

„Пред некоја недела јавноста беше потресена од случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје.

Институциите кои треба да штитат – не функционираат.

Грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници се случија во Скопје, Гостивар и Неготино. Превенција нема.

Одговорност нема.

Ова е доказ за целосен распад на безбедносниот систем.

Системот е ставен во функција на заштита на власта, наместо на граѓаните.

Одговорноста е директна кај министерот Панче Тошковски.

Полицијата е партизирана со измените на Законот за МВР и претворена во инструмент за заштита на криминалната група ВМРО-ОКГ и за пресметка со опозицијата“.

Државата, оценува таа, е небезбедна, институциите се нефункционални, а граѓаните оставени сами на себе.

„Панче Тошковски мора да ја преземе одговорноста.

Оставка веднаш“

Најново

Свет1 час

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија1 час

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија2 часа

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија2 часа

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија3 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет3 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...