Македонија
(Видео) Скандалозна распределба на парите во спортот, Борко Ристовски дели по кумови или по критериуми, прашуваат од СДСМ
Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, вели Панче Милевски од СДСМ.
Според него, нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција.
„Трета година по ред, Министерството не објавува листа на корисници, критериуми ниту методологија. Како е можно некој да добива пари а да не нема информација врз основа на што?
Кога свесно се кријат информации од јавноста тоа е веднаш упатува на сериозни сомнежи.
Ристовски направил скандалозна и нелогична распределба на парите.
На пример, во категоријата индивидуални олимписки спортови, највисок износ на спортски субвенции добил спортски клуб од спортско качување, втор највисок износ е од триатлон а трет е од бадминтон. А спортовите со континуирани меѓународни резултати и олимписки настапи – како теквондо, атлетика, борење и скијање – се помалку вреднувани.
Дополнително, особено индикативен е случајот во кој клуб кој е седмопласиран во ракомет и настапува во плеј-аут фаза добива поголема финансиска поддршка од шампион во кошарка кој учествува на меѓународни натпреварувања.
Ова е скандал со парите на народот“.
Клубови без значајни резултати, додава тој, добиваат високи суми на пари додека олимписки спортови со докажани успеси се маргинализирани.
Прашува дали причината се кумовските релации на Борко Ристовски и дали тие се поважни од критериумите кои ги заслужуваат спортистите.
Дополнително, како пто истакнува, ваквиот пристап претставува директна дискриминација на спортските клубови кои со години вложуваат труд, постигнуваат резултати и ја претставуваат државата на меѓународна сцена.
„Наместо поддршка, тие се казнети. Очигледно се фаворизираат партиски блиски и клубови блиски до Ристевски и ВМРО.
СДСМ јавно бара: Итно објавување на сите исплати по клубови и спортови како и врз основа на кои критериуми добиле пари.
Државниот завод за ревизија да спроведе ревизија за последните две години на финаниското работење на Ристовски.
Државна комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за утврдување судир на интереси.
Незаконско работење, злоупотреба на јавни средства и фаворизирање не смее да се дозволи.
Одговорност мора да има. Спортот не смее да биде приватна каса на ВМРО-ОКГ ниту на Ристовски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски, странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери
Економијата на Мицкоски доживеа дебакал, се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа фејсбук.
Во објавата Филипче посочува дека во 2024 година, во периодот на владата на СДСМ, странските директни инвестиции достигнале рекордни 1,255 милијарди евра, а само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднале на само 467,5 милиони евра.
„Дебакл на економијата на Мицкоски! Во 2024 година, за време на владеењето на СДСМ, странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра, најмногу во историјата на Македонија. Само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднаа на само 467,5 милиони евра. Минус од преку 60%!
Нема нови големи инвестиции, нема greenfield проекти, само инвестиции од времето на СДСМ кои се намалуваат. Мицкоски се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент.
За животниот стандард најдобро сведочат празните фрижидери на граѓаните.
Инвеститорите знаат дека ова е криминална и корумпирана влада и нејзината политика ги одбива наместо да ги привлече“, стои во објавата на Филипче.
Македонија
(Видео) Опожарени неколку возила под скопското Кале: припадник на Армијата со брза реакција го спречил ширењето на огнот
Припадник на Армијата со брза реакција спречил ширење на пожар под Кале. Од оганот биле зафатени неколку паркирани автомобили на поранешниот полигон за обука за моторни возила, но професионалниот војник кој бил на заминување од рабоното место ги забележал возилата во пламен и веднаш дејствувал.
„Денес, околу 15:40 часот, на поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.
Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.
Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот.
При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош.
Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните“, е објавено на Фејсбук страната на АРМ.
Фото: депозитфотос
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Филипче на сестринските партии дека пет дена славеше во Скопје изборна победа на европска држава, на партија дел од ЕПП
Добро е што Венко Филипче од Блиски Исток сега се концентрира на европски простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но тоа не се случи затоа што Филипче се отрезнил и сфатил дека, сепак, фокусот треба да му биде на Македонија и на Европа, туку тоа е резултат на кризата во тој дел на светот, каде што во друштво на Зоран Заев беше чест посетител, инвеститор и сопственик на недвижности и на златна виза.
Туку да го прашаме, им кажа ли Филипче на сестринските партии дел од Партијата на европски социјалисти (ПЕС), дека во Скопје пет дена еуфорично славеше победа во европска држава, каде што убедливо победи партија дел од Европската народна партија (ЕПП)?
Им кажа ли Филипче дека, без никаква задршка, го славеше изборниот пораз на сестринската партија во Унгарија, која освои само околу 1% од гласовите“, прашуваат од партијата на власт. Инаку лидерот на СДСМ, Венко Филипче, претходно од Брселона порача дека проширувањето на ЕУ мора да продолжи.
