Контакт

Македонија

(Видео) Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде џелатот на правдата, по насока на Ахмети, Филипче и Заев

Објавено пред

Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, оценува Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаа дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката, за денес – година дена подоцна истите овие обвинители, да одлучат дека нема основ да се продолжи овој случај.

Оваа контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Ислам Абази е само поради лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи“.

Како што истакна, целата јавност во овој скандалозен случај, виде перење на пари, криминал и труење на животната средина, само Ислам Абази не виде ништо.

„Денес поставуваме 3 прашања за кои очекуваме одговори:

Прво, го пoвикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во случајот наречен „Мазут’’?

Второ, обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како има утврдено дека нема никаква штета во случајот вреден 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, за која и АД ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци?

И трето, за крај и најважното, до кога Ислам Абази, кадарот на Ахмети, Филипче и Заев, планира да биде џелатот на правдата и да испорачува за ова криминално трио“.

Според неа, сѐ додека правосудството во Македонија е предводено од ликови како Ислам Абази, вакви контроверзни одлуки во полза на СДС и ДУИ ќе доминираат.

Потенцира дека Ислам Абази треба да си поднесе оставка и веднаш да го остави обвинителството во рацете на професионалците кои поради него и таквите како него, не можат да дојдат до израз.

Најново

Македонија7 минути

Влен: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

„Шестмина полицајци се суспендирани по бруталното насилство врз двајцата млади од Сарај. Институциите реагираа во рекордно време и против нив...

Забава17 минути

Брз рецепт за ролат со чоколадо и кокос без печење – готов за 20 минути

Чоколадната основа и кремастиот фил од кокос му даваат на овој ролат впечатлив изглед и вкус – целото семејство ќе...

Македонија27 минути

„МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај“, бара ДУИ

„Демократската Унија за Интеграција бара од Министерството за внатрешни работи да го објави целосниот полициски извештај во врска со интервенцијата...

Забава33 минути

(Фото) Едно парче облека доживува голем камбек: овој шик тренд ќе ја освежи вашата есенска гардероба

По неколку сезони во кои доминираа широки кроеви, опуштен стил и чисти силуети, во есенските колекции се врати малку попрефинета...

Македонија35 минути

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре – Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје....

Свет38 минути

Русија објави: Извозот на дизел започнува веднаш

Русија делумно ја укина забраната за извоз на дизел по договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд...

Свет40 минути

Полскиот премиер го повика „целиот Запад“ поодлучно да ѝ се спротивстави на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск го повика „целиот Запад“ да заземе поодлучен став кон Русија на претседателот Владимир Путин, која, како...

Свет44 минути

(Видео) Ураган го погоди Мексико: „Очекуваме катастрофални последици“

Ураганот Сајмон го погоди мексиканскиот брег на Тихиот Океан како ураган од трета категорија, носејќи силни ветрови и обилни дождови....

Забава47 минути

Ставете го овој зачин на радијаторот кога ќе се вклучи греењето и целата куќа ќе мириса прекрасно со денови

Ако го ставите овој зачин на радијаторот, вашиот дом може да мириса пријатно со денови откако ќе се вклучи греењето....