Контакт

Македонија

(Видео) Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт

Објавено пред

„Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во својата држава“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„За жал, со Мицкоски, младите во Македонија се тотално заборавени, понижени и потценети од криминалната власт. Ниту имаат услови за достоинствен живот, ниту за кариерен развој, соодветно образовние, ниту се мотивирани, тие се заборавени.

Нашите млади живеат во држава која ја води криминална власт која наместо да ги задржи, ги турка да си заминат. Власта на Мискоски ги демотивира, ги навредува, а во Ново Село видовме и дека ги тепа младите.

Ова е власт која и младите што мислат поинаку ги нарекува „талог на општеството“. Власт која создава поделби, омраза и страв. А кога младите ќе проговорат против неправдата, следуваат и физички напади.

На овој ден, ќе потсетиме на Ново Село, каде млади активисти од СДММ беа нападнати затоа што ја зборуваа вистината за водата и побараа одговорност. Дигнаа рака на младите затоа што се плашат од вистината. А вистината е дека со ВМРО на власт младите немаат сигурност, ниту достоинствен живот.

Системот што го воспостави Мицкоски и неговата криминална организација овие две години, им ја краде шансата на младите. Нема повисоки плати. Нема систем што ги вреднува знаењето, трудот и способноста на младите.

Има само партизација, неправда, поскапувања и рекордни задолжувања. Има скапи задолжувања, за кои сметката ќе ја плаќаат идните млади генерации. За две години оваа Влада генерираше нов долг од 2,5 милијарди евра, а ги намали парите за младите, за студентите, за учениците.

Се се тоа милијарди кои одат на контото на криминалните партиски тендери на ВМРО. Младите немаат социјална и економска сигурност – им ја одзеде Мицкоски. Младите немаат безбедна, чиста вода за пиење – системот на Мицкоски е во тотален колапс. Немаат иднина – им ја одзеде Мицкоски со блокриањето на европскиот пат.

Додека младите во регионот добиваат европска перспектива затоа што нивните влади работат на забрзување на процесот на интеграција, Со Мицкоски, Македонија стои во место, изолирана. Ја осуди државата и иднината на младите на пропаст. Затоа секој трет млад човек размислува да ја напушти државата. Не гледаат перспектива тука. Затоа се поретко се одлучуваат да формираат семејство.

Немаат сигурност. Луксуз е купување стан, луксуз е животот. Ова е најголемиот пораз на една Влада. Доаѓа денот кога младите ќе ја поразат криминалната власт на Мицкоски и ВМРО. Денес, на Меѓународниот ден на младите, имаме една порака: Младите ќе победат. Македонија ќе победи“, изјави Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Најново

Спорт15 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт24 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет28 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт36 минути

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија43 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет47 минути

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија2 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет2 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...