Контакт

Македонија

(Видео) Стојчевски: Во Штип се распродава земјата за бизнис интересите на ВМРО – бараме итно поништување на огласите

Објавено пред

Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата, обвини Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„Повторно на мета се познатите штипски ‘Печурки’. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства? Дали како градоначалник ги прашавте и лично разговаравте со нив? ⁠Дали ви се поважни бизнис интересите од егзистенцијата на граѓаните?“, праша тој.

Според Стојчевски начинот на кој се распишани огласите и условите кои се поставени, времето во кое се објавуваат, среде сезона на годишни одмори, како и фактот дека ова не е првпат да се објавуваат отвораат сериозни сомнежи дека целата постапка се подготвува за однапред познати интереси.

„Зошто инаку по трет пат се објавува оглас со промена на условите? Очигледно целта е бизнис партнерите на Мицкоски и ВМРО да добија земја по багателни цени од 1600 денари по метар квадратен за потоа да тераат бизниси си згради. Затоа бараме: огласите огласите за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во Штип да се поништат. Државното земјиште не е приватна сопственост на ВМРО-ОКГ и не смее да биде ставено во функција на ничии бизнис-интереси“, рече тој.

Стојчевски вели дека јавноста има право да знае зошто условите се менувале и кому му одговараат сегашните услови, кој ќе профитира од изградбата на зградите и дали условите се кроени така што ќе одговараат на однапред определени компании?

Најново

Црна хроника35 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија1 час

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....

Свет4 часа

Песков: Русија е уверена дека ќе победи во Украина, но е подготвена за мир

Портпаролот на Кремљ тврди дека Москва постигнува напредок на фронтот и дека обновувањето на преговорите меѓу Русија, Украина и САД...