Контакт

Македонија

(Видео) Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Објавено пред

Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ, обвини дека Владата на премиерот, Христијан Мицкоски, за две години не исполнила ниту едно ветување.

„После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две години се цените, трошоците за живот, сиромаштијата. Македонскиот работник живее потешко, социјално-ранливите граѓани се заборавени од државата, пензионерите изманипулирани. ВМРО ветуваше инфлација од 2,5%. Денес инфлацијата е 4,8% и е речиси двојно повисока од ветувањето. Во платформата 1198 ветуваа зголемен животен стандард – се зголемија само трошоците за живот. Денес на едно четиричлено семејство му се потребни скоро 70.000 денари месечно за да ги покрие основните трошоци. Тоа значи дека за нормален живот се потребни речиси три минимални плати“, рече таа.

Тренчевска кажа дека денес платите не го следат растот на цените и дека работниците работат исто, а можат да купат помалку. Според неа, македонскиот работник зема најниска плата во Европа.

Тренчевска обвини дека Владата на ВМРО покажала дека нема ниту капацитет, ниту волја да го подобри животот на граѓаните.

„Единствено што добро му оди на ВМРО, се манипулациите. Ги изиграа и пензионерите. Со лажна кампања ги придобија, за потоа да им ги скратат и украдат парите. Ако се задржеше нашиот систем, најмалото зголeмување на пензиите ќе беше околу 1.500-1.600 денари, а најголемото 3.500 денари. Два пати во годината тоа ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите. Социјално ранливите категории на граѓаните се заборавени од оваа Влада. Во овие две години ВМРО не исполни речиси ништо од клучните ветувања за помош на најранливите граѓани. Социјалната помош не се зголемува, сиромаштија. Нема зголемување на гарантираната минимална помош за 10% на годишно ниво. Нема зголемување на посебниот додаток за 30%, ниту се зголемени надоместоците за родителите кои се грижат за деца и лица со попреченост. Нема нови домови за стари лица, ниту нови дневни центри за згрижување и рехабилитација на деца и лица со попреченост. Нема пооврат на персонален данок за вработени мајки по завршување на породилно отсуство. Всушност од социо-економските ветувања за овие две години ВМРО нема исполнето ништо“, рече Тренчевска.

Најново

Регион5 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија6 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава6 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија7 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион7 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ7 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион8 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион8 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...