Контакт

Македонија

(Видео) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Објавено пред

Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, изјави Јована Тренчевска – пртаеничка и потпретседателка на СДСМ.

Таа вели дека сега кога е на власт, Мицкоски го менува ставот и, како што вели, ја урива оваа законска обврска на шверцерски начин, без консензус и по скратена постапка во Собранието.

„Наместо да го почитува законот што беше донесен со договор на четирите партии и меѓународната заедница и да обезбеди независна контрола преку техничката влада до ЕУ, актуелната власт го узурпира судството и јавното обвинителство и го става под директна контрола; не го изгласа законот за заштита на личните податоци кои ги собира системот „Safe City“; го партизира и го узурпира Министерството за внатрешни работи со нов закон кој овозможува партиски луѓе да се поставуваат на клучни позиции во полицијата и контролира над 40% од медиумскиот простор преку Орбановите медиуми, ја партизираше МТВ со директор пријател на премиерот Мицкоски и врши притисок врз останатите медиуми преку финансирање со пари на граѓаните. Ова е свесно уривање на механизмот за контрола и рамнотежа што беше договорен токму за да се спречи ваква концентрација на моќ во рацете на една партија“, рече Тренчевска.

Според неа, техничката влада не е привилегија на опозицијата туку законска и демократска обврска до создавање на условите во општеството.

„Јавно повикуваме да се почитуваат овој закон и да не ги менуваат одредбите, да остане техничката влада. Демократијата не смее да биде загрозена. Укинување на техничката влада значи дека власта подготвува изборна кражба. Доколку власта продолжи на сила да ја турка оваа измена и биде изгласана денеска во Собранието СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон“, рече Тренчевска.

Најново

Спорт13 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет44 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава50 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа57 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт1 час

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...