Контакт

Македонија

(Видео) Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами, следува криза и уште поскапа храна

Објавено пред

Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци. Што значи цените на храната повторно ќе растат. А Владата на Мицкоски не презема ништо.
Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ.

Потрошувачката кошничка, оценува таа, веќе достигна речиси 70.000 денари а платите не мрдаат.

Сега, како што додава, секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза.

„Директно се засегнати и македонските зeмјоделци. Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна.
Поради неспособноста на Мицкоски и неговата Влада Македонија веќе го живее почетокот на кризата.
Земјоделците гледаме дека денеска повторно протестираат за откупни цени на пиперката кои владата на Мицкоски им ги вети ама не ги испорача. Ги излажа“.

Според неа, откупот на пиперката не се „решава“ со лаги и манипулации туку со конкретни мерки.

СДСМ, нагласи Тренчевска, ги поддржува барањата на земјоделците.

„Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари по килограм. Сега Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари заради зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство. Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања.
Живее од цената на својот производ. Од сигурен откуп, навремена исплата.
Од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона.
А токму тие трошоци растат“.

Субвенциите доцнат или се намалуваат, оцени таа.

„Горивото поскапува. Ѓубривото поскапува. Наводнувањето е проблем. А уште сакаат да градат и дата центри. Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата. Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци, може да произведува храна и за себе и за регионот. Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо“.

Со ваквата политика на ВМРО-ОКГ, земјоделците, додаде Тренчевска, едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...