Контакт

Македонија

(Видео) Тренчевска: Одговорност од најнеспособниот Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделството и корупциските скандали

Објавено пред

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во алармантна состојба, а министерот мора да понесе политичка одговорност за неисполнетите ветувања, хаосот во секторот и корупциските скандали.

„Денес расправаме за работата на најнеспособниот министер Цветан Трипуновски за неговата одговорност пред земјоделците, сточарите, овоштарите, лозарите и одговорност пред граѓаните“, истакна Тренчевска.

Таа нагласи дека по речиси две години од доаѓањето на Трипуновски на функцијата, ветувањата за „нова ера“ во земјоделството останале само празни зборови.

„Имаме сектор којшто се соочува со огромни проблеми. Имаме земјоделци кои не знаат што ќе произведуваат следната година. Имаме сточари коишто се откажуваат од производството. Имаме млади луѓе коишто не ја гледаат перспективата во земјоделството. И најважно, имаме министерство коешто повеќе се занимава со пропаганда отколку со решавање на проблемите“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека субвенциите доцнат, земјоделците не можат да аплицираат за нови мерки, а пред жетвата нема ниту утврдени производствени ниту откупни цени.

„Од вашите ветувања останаа само билбордите, прес-конференциите и долгиот список на неисполнети ветувања. Ветувавте поголеми субвенции. Не само што ги намаливте, туку и не ги исплаќате“, нагласи Тренчевска.

Во своето обраќање таа потсети и на намалените субвенции за тутунот, неисплатените субвенции за сточарите, доцнењето на исплатите за градинарството, живинарството и пчеларството, како и драматичниот пад на откупната цена на млекото.

„Пред две години млекото се откупуваше по цена од 34 денари за литар, денес производителите добиваат 24 денари со најава на уште дополнително намалување. Во исто време цените на сточната храна, ветеринарните услуги и горивото се поскапи од било кога. Фарми се затвораат, министерството молчи и не презема ништо“, истакна Тренчевска.

Осврнувајќи се на скандалите во ресорот, Тренчевска посочи дека за помалку од две години се уапсени двајца директори на институции под надлежност на Министерството за земјоделство.

„Кога еден директор ќе биде уапсен тоа може да биде индивидуален случај, ама кога двајца директори од истиот сектор ќе бидат уапсени, тогаш тоа веќе е сериозен системски проблем. Тогаш прашањето не е што направиле тие. Прашањето е што направил министерот да го спречи тоа пред да се случи?“, порача таа.

Тренчевска оцени дека наместо ветениот европски развој, земјоделството денес се соочува со нарушена доверба и сериозни последици за целиот сектор.

„Колку скандали се потребни за некој да поднесе политичка одговорност? Колку нарушена доверба треба да има за да се признае дека немате капацитет за таа функција?“, праша Тренчевска.

Таа порача дека земјоделците заслужуваат институции кои работат за нив, а не политички маркетинг.

„Земјоделецот кој произведува храна за оваа држава заслужува почит, а не понижување. Заслужува институција којашто ќе му помогне, а не институција којашто се користи за политички маркетинг“, истакна Тренчевска.

Доцнењето на субвенциите, падот на откупните цени, незадоволството кај земјоделците и серијата корупциски скандали се доволни причини за политичка одговорност од министерот Трипуновски, вели пратеничката.

„Кога имаме незадоволни земјоделци, кога имаме недостиг на резултати, нарушена доверба во институциите и апсења на високи функционери во ресорот, тогаш Собранието има обврска да испрати јасна порака. Порака дека политичка одговорност мора да има“, порача Тренчевска.

Најново

Македонија50 секунди

(Видео) Мицкоски: Ја градиме Македонија, започна изградба на автопатот Букојчани-Кичево

„Она што за мене претставува многу значајно е фактот дека без оваа секција се она останато коешто го правиме, немаше...

Македонија7 минути

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на...

Македонија14 минути

Обвинителството: На Михајлова и беа одземени двата пасоши и и беше изречена забрана за преминување граница со лична карта

ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две...

Свет19 минути

Европа се спротивстави на договорот на Трамп со Путин: усвоени се нови санкции

Европската унија ќе продолжи да спроведува санкции против Русија и покрај договорот за дизел постигнат за време на викендот меѓу...

Македонија27 минути

МНР за бегството на Ива Михајлова: Ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни...

Црна хроника31 минута

Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала...

Црна хроника40 минути

Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат...

Црна хроника44 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...

Македонија52 минути

(Фото) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево...