Контакт

Македонија

(Видео) Тренчевска: Оставки од Клековски, Андоновска, Миланов за здравствениот дебакл во Гостивар

Објавено пред

Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ.

Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено.

„Сите здравствени институции потфрлиле, тоа е факт. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни – значи 22 два дена гостиварчани пиеле загадена вода а никој не презел ништо.

Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата?

Првите случаи, првите пациени биле забележани на 13 јули, од тогаш по 200 граѓани дневно се пријавувале секој ден.
Зошто, кога бројот на пациенти почнал нагло да расте, никој навреме не ја истражил причината“.

Посочи дека првите детални препораки на здравствени власти биле издадени дури на 18 јули, од Институтот за јавно здравје.

„Значи 5 дена после тоа. Дополнително, само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле контаминрана вода, Центарот за јавно здравје доставил извештај дека водата може да се пие!
Наместо брза реакција, итна координација, објавување на резулатите од водата и менаџирање – се случи хаос и целосен институционален колапс.
И наместо здравствените власти да побараат испитување на водата и веднаш да преземат мерки, тоа го право по допрен глас Обвинителството.
Така анализите на водата не се објавуваат, Обвинителството се повикува на „тајност на истрагата“, лекарите и граѓаните не знаат со што се соочуваат, се кријат информации кои мора да се знаат.

Како што рече, квалитетот на водата за пиење, основното човеково право не е доверлива информација, ниту истражна тајна. Тоа, додаде Тренчевска, е прашање од највисок јавен интерес и секој граѓанин има право навреме да знае дали водата што ја користи е безбедна.

„Навременото предупредување и забраната за користење на водата поради утврдените микробиолошки отстапувања во ниту еден момент немаше да ја загрозат истрагата. Напротив, ќе придонесеа за заштита на здравјето на граѓаните.

Но, институциите одбраа да тактизираат, а здравствените власти тие кои треба да се грижат за здравкето на граѓанте, молчеа.
Цената на тоа молчење беше дополнително ширење на епидемијата.

Денес повеќе од три илјади граѓани се регистрирани со симптоми на труење и уште многу кои се лекуваат дома“.

Бараат да се утврди целиот синџир на одговорност, од локалните институции до Министерството за здравство.

„Бараме политичка одговорност – и итни оставки од: Министерот за здравство, Сашо Клековски,
директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство – Оливер Миланов, Одговорните на Локалните центри за јавно здравје, и од сите одговорни лица кои со своето непостапување, доцнење или прикривање придонесоа оваа епидемија да добие размери какви што денес гледаме.

Одговорност мора да има“.

Најново

Свет12 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион24 минути

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија31 минута

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија33 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава49 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт1 час

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион1 час

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија1 час

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија1 час

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...