Контакт

Македонија

(Видео) Тренчевска: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите, поголеми придонеси не се решeние

Објавено пред

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ пред колапс.

Дупката во Пензискиот фонд ја зголемија на историски 1 милијарда евра, над 14% од целиот државен буџет, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

„Иако од 1 јули придонесот за ПИОМ е зголемен за еден процентен поен, преку пренасочување на средствата што одеа во Агенцијата за вработување, дефицитот продолжува да расте.

Последните анализи на Фискалниот совет укажуваат дека дупката ќе се зголеми на 1.3 милијарди евра во наредните години!

Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик“.

Прашува што прави, како што вели, криминалната власт.

„Посегнува по џебот на граѓаните, по парите на компаниите, најавува зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Нов арамилук. Работодавачите нема да можат да поднесат поголем трошок за вработување и тоа ќе значи помала нето плата за работниците. На македонските работници кои се со најмали плати во Европа, уште ова им треба. Помали плати и неизвесни пензии е резултатот на криминалните политики на Мицкоски. Пензионерите се украдени од власта, пензиите не им се зголемија колку што требаше, сега се соочуваат со неизвесност“.

Нема пари, вели пратеничката, па власта, како што додава, сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб.

Најновиот изговор за да им ги украдат парите на граѓаните и на идните пензионери, според неа, се измислени иневстиции.

„Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без важна потпора за идната пензија.

Тоа е класичен арамилук и неодговорно поигрување со животната сигурност на стотици илјади сегашни и идни пензионери.

Владата на Мицкоски да ги тргне рацете од парите на народот и идните пензионери, да ги скрати парите од луксузи, од криминални тендери и да почне да ја намалува дупката во ПИОМ веднаш“.

Најново

Македонија6 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија12 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт13 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет17 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт24 минути

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт30 минути

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија44 минути

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија48 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија54 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...