Контакт

Македонија

(Видео) „Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали“, вели Цветков

Објавено пред

Интерпелацијата за министерот Трипуновски не е политички напад, туку одговор на реалните проблеми со кои се соочува земјоделството, кое никогаш не било во полоша состојба, нагласи пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Цветков посочи дека земјоделството е во хаос, земјоделците се понижени и оставени сами да се борат за својата егзистенција, додека субвенциите се скратени и неисплатени.

„Додека се фалите со непостоечки успеси, додека кратењето на субвенциите се обидувате да го претставите како некоја реформа, реалноста на терен е нешто друго. Не постои земјоделец во Македонија кој денес не го поставува истото прашање. Каде се субвенциите? Тутунарите слушаат ветувања дека исплатата ќе биде до крајот на април. Потоа слушнаа дека ќе биде до крајот на мај. Јуни сме, а парите сè уште ги нема, но проблемот не е само со тутунот. Доцнат субвенциите за сточарството, доцнат субвенциите за производството на предадено млеко, доцнат субвенциите за поледелските култури, доцнат субвенциите за градинарството, за пчеларството и за органското производство“, рече Цветков.

Тој нагласи дека наместо да се зголеми поддршката за земјоделците, во изминатите две години Трипуновски донесе одлуки со кои дополнително ја влоши состојбата во секторот, а особено малите производители.

„Ги намаливте субвенциите, ги поништивте повиците за механизација, ги укинавте мерките за микропроизводители. Истовремено го зголемивте лимитот за субвенции до 1 милион евра по корисник. Со други зборови, малите ги оттурнавте, а поголемите ги направивте привилегирани. Тоа не е политика на развој на земјоделството, тоа е политика на концентрација на државната поддршка кај мал број корисници“, рече Цветков.

Во обраќањето Цветков посочи дека наместо развојни политики и реформи, Трипуновски ќе остане запаметен по серија скандали кои дополнително ја нарушуваат довербата во институциите задолжени за земјоделството.

„За две години не видовме ниту една развојна реформа, но затоа видовме купови криминални скандали врз грбот на земјоделците. Во историјата на македонското земјоделство тешко може да се најде период во кој двајца директори од најважните институции во ресорот се фатени во случај со барање мито, двајца ваши најблиски соработници. Ова веќе не е прашање на поединечни случаи. Ова е прашање на политичка одговорност.Кога директорот задолжен да ги контролира земјоделците е осомничен за мито и директорот задолжен да доделува европски средства е осомничен за мито, тогаш никој повеќе не верува дека станува збор за случајност“, рече Цветков.

Притоа, Цветков порача дека фактите и состојбите во земјоделството јасно покажуваат Трипуновски мора да понесе одговорност.

„Министре, вие покажавте дека немате волја да го развивате земјоделството и да им помагате на земјоделците. Долга е листата на факти и докази за вашето неодговорно работење и тоа мора да престане. Доста е од лаги и грабеж од земјоделците“, рече Цветков.

Најново

Свет2 часа

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава2 часа

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава2 часа

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава3 часа

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет3 часа

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет4 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа4 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет5 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет5 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...