Контакт

Македонија

(Видео) Вељановски: Наместо изградба на хотели, кај „Ист гејт“ се подготвува терен за станбени згради

Објавено пред

Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги чинат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот, праша Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба од СДСМ.

„Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на Нацрт-верзијата за Деталниот урбанистички план ЦС09 Блок , кој се однесува на потегот кај East Gate, доаѓаме до фрапантни податоци. Податоци кои отвораат сериозен сомнеж за потенцијална финансиска штета врз буџетот на општината и градот во висина од неверојатни 23 и пол милиони евра. За што всушност станува збор и како е возможно ова? Да одиме по ред. Според овој Нацрт-ДУП, на вкупно четири градежни парцели се предвидува изградба на објекти со намена Б5 – или хотелски комплекси. Станува збор за огромна вкупна површина од близу 141.000 метри квадратни. За да ви ја доловам големината – ако една просечна хотелска соба има околу 40 квадрати, ова значи дека таму се цртаат неверојатни 3000 -3.500 хотелски соби“, рече тој.

Според Вељановски, тука лежи главната дилема и сомнеж за корупција: Дали преку оваа намена за хотели, всушност, се подготвува терен за класични станбени згради, со цел да се изигра законот и да се избегне плаќањето на реалните комуналии?

„Регуларниот надоместок за уредување на градежно земјиште за овој дел од Скопје изнесува околу 180 евра по метар квадратен.  Ако се грдат станови, за оваа површина во буџетот би требало да се слеат околу 25 милиони евра. Но, бидејќи инвеститорот добива маркица за „хотел“ намена Б5, тој законски плаќа само 5% од овој износ. Тоа значи дека наместо 25 милиони, ќе се платат само нешто над 1.2 милиони евра“, рече Вељановски и упати неколку прашања до градоначалникот:

„Дали со овој ДУП директно му се овозможува на инвеститорот да заштеди 23.500.000 евра, пари кои треба да завршат во буџетот на Гази Баба и Град Скопје, а објектите потоа повторно да ги продава како апартмани за живеење?

Дали со ваквиот план му се прави дополнителна услуга на инвеститорот да заштеди пари преку изградба на помал број паркинг места, согласно стандардите за хотели кои бараат помалку паркинзи отколку оние за станбени згради?

Дали идните купувачи свесно ќе бидат доведени во правна замка? Дали тие луѓе ќе можат воопшто да извадат лична карта во МВР на таа адреса, со оглед на тоа што објектот ќе се води како хотел?“.

Тој, исто така, праша дали ќе се повтори истиот случај како со веќе изградениот објект на соседната градежна парцела каде луѓето веќе се вселени и живеат во станови, но не можат да ги пријават како свое место на живеење во МВР?

Најново

Спорт37 минути

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт48 минути

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион49 минути

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт57 минути

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет1 час

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава1 час

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион2 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...