Контакт

Македонија

(Видео) Жерновски: Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит

Објавено пред

Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија, побара денеска на прес – конференција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Граѓаните треба да знаат дека Унгарија и официјално отвори истрага за кредитот од цела една милијарда евра, што го договори Мицкоски и неговата Влада со Унгарија и со пријателот Орбан. Освен со енормното покачување на јавниот долг, коешто е само по себе проблематично, овде веќе станува збор и за кредит којшто е преполн со сомнежи за криминал и, за жал, за незаконски постапки. Според објавените информации, унгарското национално истражно биро има одземено илјадници страници документација поврзана со работењето на Ексимбанк. Еден од аспектите коишто се сомнителни и за коишто многу пати зборувавме и потенциравме, во јавноста го отворавме тоа прашање, а тоа е потеклото на парите. Дали се тоа парите коишто се дојдени од Кина, коишто непосредно претходно, пред да го добиеме кредитот како држава, се земени од страна на Унгарија, од Кина?“, праша Жерновски.

Нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД, додаде тој, многу добро знаат дека изминатите две години во нашата држава влегува сериозна количина на кинески пари.

„Сега, со оваа истрага, сето се потврдува. Меѓутоа, тука не запираат. Погледнете ги активностите на неговиот омилен министер, на Стоилковиќ, којшто и понатаму продолжува да објавува среќен, радосен дека нашата држава разговара за нов влез на кинески средства“, рече Жерновски.

Тој вели дека до ден-денес нема одговор за тоа како е договорена зделката, кој ја договорил зделката, кои се провизиите, кои се скриените трошоци и кое е потеклото на овие пари.

Жерновски вели дека македонските правосудни институции се должни веднаш да реагираат и да отворат истрага за овој предмет.

Најново

Спорт23 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион23 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија28 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија30 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт35 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион44 минути

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника53 минути

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника58 минути

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...

Свет1 час

(Видео) Иран повторно нападна американска база во Бахреин, третпат за пет дена

Иран денеска ја презеде одговорноста за нов напад со беспилотни летала врз американска воена база во Бахреин, трет во последните...