Контакт

Македонија

(Видео) Жерновски: Операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија

Објавено пред

Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија, изјави Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во СДСМ.

„Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Ние ова, го знаат тоа граѓаните, го знаат и почитуваните претставници на медиумите го информиравме на ова укажувавме уште пред два месеца“, рече тој.

Жерновски кажа дека вчера во Србија е завршена продажбата на медиумите од Adria News Network на инвестициската група Alpac Capital.

„Во оваа медиумска група се Н1, Нова, Радар, Forbes Srbija и Данас. Ајде да објасниме на граѓаните што всушност се случува. Кој стои и со кого е поврзан Alpac Capital? Соработник, советник и пријател на кој друг ако не на Виктор Орбан. Истата Alpac Capital во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews. Подоцна беше обелоденото дека за 45 милиони евра за таа трансакција дошле од унгарски државен фонд, а уште 12,5 милиони евра биле обезбедени преку компанија поврзана со комуникациските операции на унгарската влада. Значи ние денеска и воопшто не зборуваме за изолирани и неповрзани бизнис зделки. Зборуваме за еден концепт, зборуваме за еден проект преку којшто треба да се воспостави тотално контрола на медиумскиот простор во нашата земја. Тој концепт е според нас, според она што го гледаме всушност доградување на режим ко јшто се воспоставува во нашата држава. Истиот модел веќе сега како како што се спроведува во Србија, се спроведува и кај нас. Неслучајно тоа неколку пати го зборувавме унгарската 4iG ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Ете полека како се воспоставува целиот концепт и целиот проект и целиот модел за којшто зборувавме наназад“, рече Жерновски.

Затоа, додаде тој, и предупредувавме дека ова прашање не смее да се гледа како некоја обична тема туку да се гледа многу посериозно.

„А на големо се реализира и влезот и ширење на медиумите од страна на српскиот свет, блиски до власта на Вучиќ. Затоа неслучајно во два наврати, две години по ред извештаите од Брисел, кога ќе кажам Брисел мислам на сите институции и Европскиот Парламент и Европската Комисија зборуваат за постоење, функционирање и влијание на српскиот свет во Македонија. Информациите со кои располагаме укажуваат дека еден од плановите е преку Ало групацијата да се влезе и во телевизискиот простор во Македонија. Како една од порвите опции се разгледува преземање на сопствеништвото на Наша ТВ. Во операцијата клучна улога ќе има познатата Ивана Талеска со проектот Euronews кој започна во септември. Ако веќе доаѓаме до тоа име, секако доаѓаме и до Латас кој што е директивен извршител на политиката на Мицкоски“, рече Жерновски.

Тој вели дека власта го прави ова за да нема кој да прашува, да нема кој да постави прашање за криминалите, за тендерите, за немањето реформи, затоа што немаме европска перспектива.

„Целта е јасна граѓаните да добиваат само една вистина. Вистина којашто ќе се сервира како единствена. Сетете се на омилените фрази на премиерот кој што од почеток на мандатот зборуваше за цитирам тоа е првпат некој да спомене во светот такво нешто за вистинската вистина. За жал не чека медиумски мрак. За жал не чека еден демократски живот во наводници демократски без слободни медиуми, без критика и без вистина. Тука сме ние, тука е СДСМ. Дали е сега јасно зошто радарот Муцунски имаше интервју токму за Euronews ? Јасен е веќе концептот. Да завршам со тоа дека ова не е само прашање кој ќе биде сопственик на некоја телевизија или портал, ова е контрола на јавниот простор во нашата држава“, рече Жерновски.

Најново

Спорт15 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт24 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет28 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт36 минути

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија42 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет47 минути

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија2 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет2 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...