Контакт

Македонија

Виз Ер Скопски маратон со нова мотивација: испратете 7 секунди поддршка за вашиот најблизок

Објавено пред

Поддршката од семејството и пријателите е важен дел од секоја трка. А годинава, оние кои се најблиски до учесниците на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон ќе имаат можност да им испратат порака која ќе ги пречека директно на патеката, токму во моментите кога им е најпотребна дополнителна мотивација.

На 4 октомври, илјадници учесници ќе бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон, а преку иницијативата „Видео секунди за мотивација“, нивните најблиски можат да станат дел од трката на поинаков начин. Тие можат да снимат кратка видео порака во траење од само 7 секунди, со која ќе испратат охрабрување, поддршка и мотивација до својот близок.

Пораката ќе биде прикажана на голем видео-бим на патеката кога учесникот ќе пристигне до Мотивациската Видео Зона. За полумаратонците, тоа ќе биде на 18-тиот километар, додека за маратонците видео пораките ќе се прикажуваат на 39-тиот километар.

Токму во овие делови од трката заморот е сè поголем, а неколку зборови од најблиските можат да донесат дополнителна енергија и поттик за продолжување кон целта.

Пораката може да биде едноставна – неколку зборови за охрабрување, мотивација или поддршка. Потребно е да се сними видео со звук во траење од 7 секунди, во хоризонтален формат, а пред испраќањето да се прочитаат условите за прифаќање на видеата.

За испраќање на видео пораката потребно е да се знае стартниот број на учесникот за кого е наменета. По прикачувањето и испраќањето на видеото, пораката ќе биде прикажана на видео-бимот кога учесникот ќе стигне до соодветната точка на патеката.

Мотивациската Видео Зона се реализира со поддршка на Македонски Телеком, технолошки партнер на Скопскиот маратон, кој преку голем LED дисплеј овозможува видео пораките од најблиските да стигнат до учесниците во вистинскиот момент.

На овој начин, и оние кои нема да бидат на патеката можат да бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон и да му дадат дополнителна мотивација на својот близок на патот кон целта.

Седум секунди од вас. Голем поттик за вашиот близок.

Снимете порака и испратете видео на следниот линк: https://services.tagtiming.mk/mk/v/wizz-air-skopje-marathon-2026

 

ПР

Најново

Спорт5 часа

Норис по силниот дожд до пол позицијата во Бразил, Расел „жртва“ на тимот

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешното првенство во Формула...

Спорт5 часа

(Видео) „Шумарите“ го декласираа Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаа голем дебакл во Премиер лигата, воедно го забележаа третиот пораз по ред. Манчестер Сити беше...

Црна хроника6 часа

Скопјанец приведен откако кај него бил пронајден хероин

Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира...

Црна хроника6 часа

11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени осомничени во повеќе градови

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков,...

Спорт9 часа

(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам...

Економија9 часа

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија,...

Спорт9 часа

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната...

Македонија9 часа

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и...