Македонија
Владата и ДИК ја договорија динамиката на спроведување на избирите
Владата ќе овозможи финансиски решенија, технички потреби, опрема, начини на обезбедување на материјали и достапност на државните институции за потребите на Државната изборна комисија (ДИК), со цел спроведување на изборите, беше констатирано во петокот на работна средба на Владата за спроведување на изборите и Државната изборна комисија.
„Владата за спроведување на избори и Државната изборна комисија, согласно законските прописи и изразената волја се согласија за координирана соработка во функција на спроведување на фер, кредибилни и демократски избори, интензивна комуникација во насока на креирање на решенија за реализација на изборниот процес согласно законските прописи и дејствување во интерес на граѓаните на Република Македонија“, се вели во заедничкото соопштение.Владата за спроведување на изборите ќе одговори на барањата на Државната изборна комисија за задоволување на кадровските, организациските, финансиските, техничките и сите останати потреби на Државната изборна комисија.Државната изборна комисија ги презентираше своите активности за спроведување на изборите и обезбедување на доверба во изборниот процес, начелните акциски планови, видувањата и размислувањата по однос на изборниот процес и посветеноста на Комисијата кон организацијата на изборите.На средбата беа изнајдени решенија за поголем број на отворени прашања кои беа претставени од страна на Државната изборна комисија, а се однесуваат на определени финансиски решенија, технички потреби, опрема, начини на обезбедување на материјали и достапност на државните институции за потребите на ДИК, соопштија двете институции.Владата за спроведување на избори веднаш ги задолжи владините институции и тела за реализација на конкретните заклучоци кои беа договорени на средбата а се однесуваат на барањата на ДИК.Владата за спроведување на избори, водејќи се од врвниот приоритет за организација на фер, кредибилни и демократски избори, за сите активности и мерки кои се во функција на спроведување на изборите, ќе изготви соодветен преглед(матрица) кој ќе биде разгледуван на секоја владина седница како прва предточка на дневниот ред. Покрај тоа Владата и на дневна основа ќе ги задолжува владините институции, органи и тела за реализација на активностите побарани од страна на ДИК, како и сите други активности кои се значајни за организација на изборите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.
Скопје
Скопје викендов со изменет режим на сообраќај поради одржување на предизборни митинзи
Поради одржување митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21 април (недела) во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на оваа улица почнувајќи од 19:00 часот на 20 април (сабота) до 21.00 часот на 21 април (недела), соопштуваат од МВР.
Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со булевар „Кочо Рацин“ до крстосница со булевар „Св. Климент Охридски“.
Исто така, на 21 април во 20.00 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година.
Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните