Контакт

Македонија

Владата одговори на обвинувањата од СДСМ: Шише вода од 1,5 литри кое чини 25 денари, го набавуваме по цена од 12,5 денари

Објавено пред

Во однос на набавката на флаширана вода за Гостивар, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“, велат од Владата, по обвинувањата од СДСМ дека е спроведена јавна набавка на вода без тендер.

Од Владата појаснуваат дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари.

„Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината“, велат од Владата.

Од таму апелираат до СДСМ да престанат, како што велат, безобразно да лажат.

„Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда. Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба. Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање“, се наведува во реакцијата.

Најново

Македонија48 секунди

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален...

Култура13 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија19 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија44 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија56 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија1 час

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија2 часа

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет2 часа

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника2 часа

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...