Контакт

Македонија

Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

Објавено пред

На предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава.

„Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги градат во домашниот здравствен систем“, вели Клековски.

Додава дека со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи: задржување на младите лекари во државата; пополнување на недостигот од специјалистички кадар; зајакнување на клиниките, болниците, здравствените домови и центрите за јавно здравје; порамномерна распределба на медицинскиот кадар низ државата и пократко време на чекање и поквалитетна здравствена грижа за пациентите.

„Ова не е само одлука за 300 нови вработувања. Ова е инвестиција во 300 професионални иднини, во посилни здравствени установи и во подобра грижа за пациентите. Не ги школуваме нашите лекари за да ги изгубиме – инвестираме во нивното знаење за да го изградиме здравствениот систем што граѓаните го заслужуваат“, истакна министерот Клековски.

Вработувањата ќе се реализираат согласно потребите на јавните здравствени установи и недостигот од специјалистички кадар, со цел младите лекари да бидат ангажирани таму каде што се најпотребни.

 

фото/Depositphotos

Најново

Спорт56 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт1 час

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет1 час

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт1 час

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија1 час

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет1 час

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија3 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет3 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...