Контакт

Македонија

Владата усвои заклучоци за фер и демократски избори

Објавено пред

Владата усвои повеќе оперативни заклучоци кои произлегле од првата работна координативна средба на владиниот кабинет и членовите на Државната изборна комисија (ДИК), кои се во насока на организација на фер, кредибилни и демократски избори.

dobivaj vesti na viber

Владата се обврзала на секоја седница на Владата, како прва точка на дневниот ред, да се разгледуваат отворените прашања поврзани со тековното работење на Државната изборна комисија во функција на задоволување на нејзините потреби и барања, како и разгледување на конкретни активности што Владата и другите државни органи треба да ги реализираат во функција на непречено одвивање на претстојните избори на пратеници во Собранието, со оперативни предлог–заклучоци.Со цел да се обезбедат соодветни просторни услови на ДИК, Владата го задолжила Генералниот секретаријат, да обезбеди три простории за потребите на Државната изборна комисија, на првиот кат во административната зграда (објект на поранешното НИП Нова Македонија), а истовремено е задолжена и Службата за општи и заеднички работи, да изврши целосно техничко и безбедносно опремување на просториите на Државната изборна комисија со цел обезбедување на висок степен на безбедносна заштита во овие простории во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори на пратеници во Собранието.За обезбедување поголема функционалност и динамизирање на процесот за утврдување на избирачкиот список, Владата, исто така, ги задолжила Фондот за здравствено осигурување, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Агенцијата за вработување, Управата за водење на матична евиденција, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар, Управата за јавни приходи, како и министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ѝ препорача на Народната банка на Република Македонија, да потпишат договори и меморандуми за соработка со Државната изборна комисија, во насока на пренос и мигрирање на податоците од регистрите, базите на податоци со кои располагаат овие институции, во функција на ажурирање на Избирачкиот список.Исто така, Владата донела одлука за отстапување и времено користење на вкупно 50 автомобили кои ќе бидат на располагање на Државната изборна комисија, согласно нејзините потреби.Воедно Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи, да ги покрие финансиските трошоци на Државната изборна комисија кои се поврзани со печатењето и копирањето на документацијата за потребите на Државната изборна комисија. Владата изразува подготвеност за намирување на трошоците за спроведување на теренските активности на ДИК.Владата ѝ препорача на Државната изборна комисија да достави писмен допис до Дирекцијата за заштита на лични податоци, во кое ќе побара појаснување во однос на тоа кои податоци на граѓаните можат да бидат јавно достапни и објавени при законската обврска на Комисијата за јавно објавување на Избирачкиот список, согласно одредбите од Изборниот законик, а Дирекцијата за заштита на лични податоци веднаш да одговори на дописот од ДИК.Истовремено, Владата ѝ препорача на Државната изборна комисија да склучи меморандум за разбирање и соработка со Државниот завод за статистика, во кој ќе бидат уредени и опфатени сите прашања помеѓу овие две институции, за време на траењето на овој период.На Државната изборна комисија, исто така, препорачано  и е во најкраток можен рок, до Државниот завод за статистика да ја достави на увид и мислење методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список, а го задолжи Државниот завод за статистика, во најкраток можен рок да достави мислење и одговор по истата до Државната изборна комисија. Во таа смисла, Владата го задолжи Државниот завод за статистика, во најкус можен рок, да достави список на лица – анкетари и контролори до Државната изборна комисија.Владата и препорача на Државната изборна комисија, во соработка со Државниот завод за статистика, согласно утврдената методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, да извршат обуки на лицата – анкетари и контролори, со цел успешно имплементирање на методологијата.Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Државната изборна комисија, во најкус можен рок, да идентификуваат групи на административни службеници кои ќе бидат избрани за членови во општинските изборни комисии и избирачки одбори./крај/мф/

Македонија

(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража

Објавено пред

„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента

Објавено пред

Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.

dobivaj vesti na viber

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апел за помош за малиот Војдан

Објавено пред

„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.

dobivaj vesti na viber

Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.

Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ5 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија8 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија8 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија21 час

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија22 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија23 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија24 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...