Контакт

Македонија

ВЛЕН: Каде завршија деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација?

Објавено пред

Од ВЛЕН прашуваат каде завршиле деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација?

„Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал. Пред две недели поставивме сериозни прашања за овој скандал. Зборувавме за повеќе од девет милиони евра европски средства за кои јавноста сè уште нема одговор каде завршиле, за кривичната пријава на Финансиската полиција, за договорите склучени со домашни компании и за сомнежите дека во целата работа можеби биле вклучени и компании поврзани со семејниот круг на Али Ахмети. Побаравме да се отвори секој договор, да се провери секоја исплата и да се утврди одговорноста на сите што биле вклучени во овој проект. Сега прашањата не ги поставува само ВЛЕН. Одговори почна да бара и Европската Унија“, изјави Дритон Сулејмани.

Тој вели дека амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, соопштил дека ЕУ ја прибира документацијата за овој проект. Затоа, вели Сулејмани, веќе не е доволно да се прашуваме само каде завршиле милионите туку јавноста мора да знае и кој го пријавил проектот како завршен, врз основа на кои документи и со какво образложение.

„Колку повеќе се чепка во овој скандал, толку повеќе смрди на корупција. ДУИ 24 години ја имаше власта во свои раце. Во Кичево ја водеше Општината три мандати по ред. Токму за време на нивното владеење овој проект, финансиран со пари од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Но, канализацијата не беше завршена. Сега станува јасно и зошто“, рече Сулејмани.

Тојо кажа дека ВЛЕН бара Јавното обвинителство и Финансиската полиција да ја прошират истрагата до крај и тесно да соработуваат со европските институции.

Најново

Свет3 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет3 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион4 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија4 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника4 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава5 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника5 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава5 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт5 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...