Контакт

Македонија

„Влен“: Коридорот 8, инвестиција во економскиот развој и европската иднина

Објавено пред

Почетокот на градежните работи на автопатот Букојчани–Кичево претставува значаен чекор во реализацијата на Коридорот 8 и во зајакнувањето на инфраструктурните врски на Северна Македонија со регионот, велат од „Влен“.

За „Влен“, Коридорот 8 е национален стратешки интерес и голема можност за економски развој на земјата. Преку овој проект се унапредува поврзаноста со Албанија и Бугарија, се олеснува транспортот на стоки и се создаваат поповолни услови за инвестиции и економска соработка.

„Коридорот 8 е еден од проектите што ја одредуваат насоката на развој на земјата. Секој сегмент чија изградба започнува ја приближува Северна Македонија до модерна патна мрежа и до позначајна улога во трговските врски во регионот“, велат од партијата.

„Влен“ ја смета реализацијата на овој коридор за дел од заложбите за економски развој, подобри регионални врски и европска интеграција. Целта е географската положба на земјата да се претвори во економска предност, преку инфраструктура што ќе им служи на граѓаните, бизнисите и идните генерации.

Најново

Спорт18 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион18 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија22 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија25 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт29 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион39 минути

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника47 минути

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника52 минути

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...

Свет59 минути

(Видео) Иран повторно нападна американска база во Бахреин, третпат за пет дена

Иран денеска ја презеде одговорноста за нов напад со беспилотни летала врз американска воена база во Бахреин, трет во последните...