Контакт

Македонија

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Објавено пред

Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, велат од Влен.

Одкоалицијата наведуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот.

„Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам. Од оваа реконструкција, ВЛЕН излегува уште посилен политички, со вкупно 6 министерства (силно продолжуваме и со нашите кадри во економија, животна средина и евроинтеграции), со мисија да изградиме посилни институции и чесно да им служиме на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Од Влен велат дека ова не е само промена на имиња туку е јасна порака дека институциите треба да им служат на граѓаните, а не на партиските интереси.

„Ова е крај на логиката на привилегиите и почеток на пристап што се мери со работа, резултати и одговорност. Со нова енергија, подготвени кадри и јасна визија, ВЛЕН ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и гарант на реформите што ја движат државата напред. Затоа, нашите министри ќе бидат оценувани според нивната работа, реформите и резултатите што ќе ги постигнат за нашите граѓани. Така градиме силни институции, го штитиме јавниот интерес и докажуваме дека политиката може да се води со достоинство, професионалност и визија. Со ВЛЕН, промените продолжуваат“, пишува во партиското соопштение.

Најново

Регион40 секунди

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија12 минути

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава18 минути

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава33 минути

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет38 минути

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет43 минути

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...

Македонија58 минути

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени...

Македонија1 час

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку...

Македонија1 час

(Видео) Борбата со огнот траеше цела ноќ: Куќите во Лозани повеќе не се загрозени

Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот...