Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата за пратенички прашања, вакви политички кукавици немало во досегашната историја

Објавено пред

Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое обвинија дека премиерот, Христијан Мицкоскуи, му делел задачи на новиот јавен обвинител.

 

„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес нивниот претседател Венко Филипче ја напушти седницата на која се поставуваа пратенички прашања, ама партијата која ја води си пушташе соопштенија за што се зборувало на седницата во кој најблаго кажано клеветат. Во соопштение пишуваат што кажал Христијан Мицкоски. Зошто не кажаа на седница, на пример. Како и да е покажаа дека се кукавици, Филипче бега од седница, од партијата објавуваат соопштенија за седницата. Челниците во СДС научиле само еден филм. Сценариото на нивниот филм има за цел да се напаѓа по ред што се што во моментов се прави за граѓаните. Сега, за денешното бегство на Филипче, и за соопштението од СДС за изјавата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој наводно според соопштението давал задачи на новиот обвинител. Да им укажаме на СДС една работа. А тоа е, ако тие наредувале што да прават правосудните органи не значи дека го прават и други“, пишува во реакцијата.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, се додава во реакцијата, кога станува збор за оваа трета самостојна власт сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите.

„Така да пораката за СДС е, ако вие контролиравте се, немојте да мислите дека и другите се како вас. Или еве појасно за да разберат во СДС, нека не им го припишуваат на другите тоа што тие го правеле. Денес на дело покажаа само кукавичлок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Европа5 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт5 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава5 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава5 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт5 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава5 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава5 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија5 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава5 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...