Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче се во тотален хаос и настапуваат без јасна стратегија и концепт.

Во партиското соопштение се наведува дека Филипче „декларативно е проевропски, но реално е без правец и стратегија, обидувајќи се да ја скријат паниката и нервозата поради колапсот на сопствениот рејтинг“, како и дека се обидува да се претстави како арбитер за европскиот пат без да поставува црвени линии.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче е подготвен за уставни измени „веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата“, оценувајќи дека тоа претставува продолжение на политиката на отстапки.

„Венко Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт. Филипче отворено најавува подготвеност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата. Тоа е конзистетност на истата политика на отстапки како Зоран Заев и останатите кои поради нивната сервилност, ја ставија Македонија во ситуација да се соочува со блокада на патот кон ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата дополнително го обвини Филипче дека манипулира со јавноста преку, како што велат, спинување на изјави од европски претставници, како и дека СДС „со месеци ширел невистини“ за средствата од ИПАРД програмата.

„Граѓаните заслужуваат чесна политика, јасни позиции и заштита на националните интереси. СДС и Филипче не го нудат тоа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Забава11 секунди

(Фото/Видео) На филмската премиера дојде со ќерка си, а со својот стајлинг ги воодушеви сите

Оскаровката Шарлиз Терон пристигна на премиерата на филмот „Одисеја“ во Њујорк во исклучително и секако најпријатно друштво за неа. До...

Забава8 минути

(Видео) Славниот кошаркар во Дубровник: Сега сум Шекил О’Ниловиќ, ги сакам Хрватите

На интернет се појави видео од кошаркарската легенда и диџеј Шекил О’Нил, кое ги воодушеви Хрватите. „Јас не се викам...

Култура17 минути

Филм, театар и музика вечерва на Скопско лето

Вечерва, 17 јули, ќе се одржат три настана на програмата на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Во Кинотека на...

Македонија20 минути

По 10-минутна потера фатен косовскиот државјанин кој насилно ја преминал границата и повлекол цариник со возилото: пронајдена дрога и оружје

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал...

Македонија25 минути

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи...

Спорт28 минути

„Лапорта многу добро знае каде ќе игра Алварез следната сезона“

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина,...

Македонија30 минути

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Топ36 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт43 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...