Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На лицемерието на СДС нема крај, СДС повторно се обидува да собира поени врз грбот на земјоделците

Објавено пред

Додека СДС глуми загриженост за земјоделците, Венко Филипче не се ни појави во салата за гласање во Собранието за да гласа за Предлог-законот на СДС за финансиска поддршка на земјоделците. Дали Филипче е против земјоделците, па не се ни појави во Собрание, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, Венко Филипче и Заев потрошија милионски буџети на државата, но тогаш ги заборавија земјоделците. СДС имаше години да ги решава проблемите во земјоделството, но наместо тоа Заев, Филипче и останатите се занимаваа со делење тендери, проценти, провизии и инвестиции во Дубаи како и луксузирање по јахти на Егејот“.

Земјоделците, според партијата на власт, не смеат да бидат заложници на политичките калкулации на СДС, на лагите и лицемерието на Венко Филипче.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат од таму, продолжува да се грижи за земјоделците, продолжува да креира одговорни политики, сигурен пласман на производството и услови земјоделците да можат достоинствено да живеат од својот труд.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на унапредување на земјоделството и на создавање услови за поголемо производство, сигурност и развој на руралните средини.

На македонското земјоделство му се потребни решенија, а не манипулации и лаги од СДС“.

Најново

Свет4 минути

Со автомобил се забиле во златарница во Германија и украле вредни предмети, двајца уапсени

Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од...

Свет10 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија24 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника30 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...