Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага писмо од четирите партии до Иванов
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, предлага со писмо потпишано од четирите најголеми политички партии, односно, оние кои го потпишаа Пржинскиот договор, да побараат од претстедателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката за помилување на сите политичари кои се гонат за случаи произлезени од незаконското прислушување.
„Одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до Претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање „да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки“, соопштија од партијата.Појаснија дека во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудат нивниот предлог.Откако Иванов ја донесе одлуката, сите помилувани, декларативно, ја одбија аболицијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.