Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го зголеми јавниот долг за 3,69 милијарди евра, сега долгот е намален

Објавено пред

Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Економијата расте, јавниот долг се намалува и става во одржлива рамка, а инфлацијата е значително намалена, со што се создаваат услови за поголема економска сигурност и повисок животен стандард за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројките јасно покажуваат дека во декември 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра, односно 47,7% од БДП, кој според ММФ изнесувал 11,34 милијарди долари. До крајот на 2023 година, по шест години власт на СДС, јавниот долг достигнал 8,477 милијарди евра или 57,8% од БДП, а според ММФ тогаш БДП изнесувал 15,86 милијарди долари.

Ова е зголемување од 3,69 милијарди евра на јавниот долг за шест години, додека во истиот период, БДП пораснал за 4,52 милијарди долари или околу 3,9 милијарди евра, што покажува дека растот на задолжувањето бил исклучително висок во однос на економскиот раст.

Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, фокусот е поинаков, секое задолжување мора да има економска оправданост и да биде насочено кон инвестиции, инфраструктура, производство и проекти кои создаваат дополнителна вредност.

На крајот на 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра, односно 61,4% од БДП, додека според ММФ бруто домашниот прозивод изнесувал 16,95 милијарди долари, а заклучно со 30 јуни 2026 година, јавниот долг изнесува 58,8% од БДП, што значи дека долгот е намален.

Во исто време, според проекциите на ММФ, македонскиот БДП во 2026 година треба да достигне 21,61 милијарда долари, што е значителен раст во однос на 16,95 милијарди долари во 2024 година, додека јавниот долг би изнесувал 11 милијарди евра.

Ова значи дека за период од две години јавниот долг би пораснал за околу 1,381 милијарда евра, додека БДП би се зголемил за околу 4,66 милијарди долари, односно приближно 4,02 милијарди евра.

Друг важен показател за економската состојба е и инфлацијата, која во јули 2026 година во Македонија изнесува 2,3% на годишно ниво, наспроти високите 16% во јули 2022 година.

Во споредба со земјите од регионот во јули 2026 година Македонија има пониска инфлација од Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија и Црна Гора, Албанија, Турција.

Тоа е значително подобра состојба во однос на периодот кога граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација во време на власт на СДС кога со исклучок на Босна и Херцеговина, Бугарија и Турција од сите останати земји во регионот имавме највисока и далеку повисока инфлација.

Намалувањето на инфлацијата е важен чекор и Владата продолжува со политики кои обезбедуваат реален раст на платите и пензиите, поголема продуктивност, нови инвестиции и повисока куповна моќ на граѓаните.

Разликата во економските политики е јасна. ВМРО-ДПМНЕ се залага секое задолжување да биде поврзано со конкретен развоен проект, секоја инвестиција да создава нова вредност, а економскиот раст да се претвори во подобар животен стандард. И дека ваквата цел се постигнува потврдуваат овие податоци и економски параметри.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политики кои носат инвестиции, производство, нови работни места, повисоки приходи и поголема економска сигурност за граѓаните“, се вели во соопштението.

Најново

Македонија4 секунди

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија2 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава18 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт46 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион46 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија51 минута

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија53 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт58 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион1 час

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...