Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека ја задолжиле државата како никој претходно

Објавено пред

СДС призна дека ја задолжиле државата како никој претходно, а притоа и тројно се зголемени каматите на годишно ниво токму поради нивните лоши економски политики, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Талогот од СДС призна дека во своето апокалиптично владеење со државата, ја ограбија, осиромашија и уништија државата. СДС призна дека ја задолжиле државата како никој претходно, односно за 7 години успеаја да не задолжат за истата сума за периодот од 1990 до 2017 година, а со тоа каматите кои денес годишно ги исплаќаме се дури три пати повисоки од 2017 година. Лошите проекти како солидарниот данок кој денес го враќаме, ја чини државата над 50 милиони евра. Да не заборавиме и дека јавниот долг во нивно време беше 61,4%, а денес за 2 години е намален на 58,7%. Во истиот период инфлацијата варираше од 10-20%, а платите и пензиите стагнираа, додека цените на храната еруптираа“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека енес сликата е поинаква.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизираше економијата, носи инвестиции, отвора нови работни места, се намалува јавниот и државниот долг, инфлацијата е најниска во регионот. Разликата е повеќе од евидентна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Свет4 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет4 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет4 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет5 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет6 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија6 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава6 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија6 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава7 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....