Македонија
Во Аеродром ќе се собира електронски и електричен отпад

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, од сабота, 26.11.2016 година, ќе почне голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, која пак, ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во сабота, 26.11.2016 година, во урбаната заедница Стар Аеродром од 10 до 12 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Утрото ќе биде многу студено, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови ( локално над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Македонија
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска во официјалана посета на Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. Каталин Новак.
Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.