Македонија
Во Берлин гласале 44,6 % од регистрираните гласачи
Заврши гласањето на гласачкото место 5011 во изборната единица 7 во Амбасадата на Република Македонија во Берлин, а според податоците од изборната комисија во избирачкото место 5011 до 19 часот од запишаните 585 гласачи избирачкото право го искористиле 261 македонски граѓанин со право на глас, односно 44,6 отсто од сите регистрирани гласачи во овој дел на Германија.
Во македонската амбасада во Берлин каде гласаат регистрираните македонски гласачи од неколку други градови на северот на Германија меѓу кои Хамбург, Бремен и Хановер, во текот на гласањето немало никакви проблеми.
„Гласањето започна без никаква проблеми во 7 часот изутрина и се одвива во најдобар ред“, изјави попладнево за МИА претседателот на изборната комисија на гласачкото место во Амбасадата во Берлин, Сашо Марковски./крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време, претпладне со појава на магла
Променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Ќе има повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Потоа ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди. Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура. Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.
Македонија
Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, секогаш посветено работев за членстовото на земјата во НАТО
„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.
Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.
„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.
Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја негова акција.
Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.
Македонија
Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово.
Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол, извести ЦУК.
За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.