Контакт

Македонија

Во Македонија не може да се открие корупција во финансирањето на политичките партии

Објавено пред

Со методологијата според која работи Државниот завод за ревизија не може може да се откријат таканаречените скриени пари за коишто се зборува во текот на изборните кампањи, а Државната комисја за спречување корупција, Јавното обвинителство и полицијата работат според нивните извештаи.

dobivaj vesti na viber

Ова го тврди Тања Таневска од Државниот завод за ревизија, која учествува на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“. „Методологијата на ревизијата е таква, согласно стандардите, ние мораме во текот на ревизијата да постапиме врз основа на анализа на документите што ќе ни бидат приложени. Заради тоа, досега, во нашите ревизорски извештаи, односно ревизорите не напишале дека е откриен криминал. Не сум сигурна дека со нашата ревизорска методологија може да се откријат таканаречените скриени пари за коишто навистина се зборува во текот на изборните кампањи. Зборувам од аспект дека методологијата на ревизорите не претставува истражна постапка. Верувам дека во некоја истражна постапка тоа може да се открие, но онака како што ние работиме и што е мандат и мисија на врховна ревизорска институција, не сум сигурна, ниту сум убедена дека можеме да го добиеме тој резултат што се очекува“, вели Таневска.Сепак, смета дека методлогијата не треба да се менува затоа што таа е исклучиво изработена согласно ревизорски стандарди коишто се применуваат на меѓународно ниво и она што македонскиот Државен завод за ревизија го работи е на ниво на високоразвиените западни врховни ревизорски институции. Од друга страна, пак, Државната комисија за спречување корупција досега за сите оние што се учесници во изборните кампањи, а кои не доставиле финансиски извештаи покренала постапки пред надлежните судови и тие се процусираат, а дел се завршени и со казни.„Најголем дел од проблемот што се јавува е недоставувањето на извештаите за финансирањето на изборните кампањи, но мора да кажам дека најголемите партии тоа секогаш го почитуваат. Се јавува проблем кај помалите политички партии , кај оние самостојни листи на учесници во локалните избори, коишто и не се доволно запознаени со законските прописи за доставување на извештаите за финансирање на нивните кампањи. Потоа се спроведуваат оние санкции кои се предвидени со законот. За сите оние што се учесници во изборните кампањи кои не доставиле финансиски извештаи ДКСК покренува постапки пред надлежните судови и тие се процусираат. Добар дел се веќе процесуирани, а добар дел се завршени и со казни“, вели Игор Тантуровски, претседател на ДКСК.Појасни дека испитувањето за тоа дали и каде не направена корпуцијата, му припаѓа на ма Државниот завод за ревизија, кој  испитува како одело финансирањето, од каде доаѓале приливите на тие средства, а ДКСК потоа ги користи ревизорските извештаи кои ги добива и врз основа на нив потоа спроведува свои постапки и покренува постапки пред надлежните судови.Како што појасни Таневска, пак, согласно закон, ревизорските извештаи ги испраќаат во јавното обвинителство, а потоа тоа, по службена должност ги испраќа до Министерството за внатрешни работи за да се преземе таа истражна постапка. „Ние ги даваме препораките од она што е наод и потоа треба да се преземат мерки, меѓутоа повторувам , од досегашните ревизорски извештаи не станало збор за криминални дејствија којшто ги откриле ревизорите“, вели Таневска.Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, годинава беше пуштен од затвор откако одлежа пет години за случајот „Кампања“, односно за нелагално финансирање на кампањата за изборите во 2011 година.Бошкоски беше уапсен во еден скопски ресторан, како земал 100.000 евра, пари наменети за нелегално финансирање на капмањата.Специјалното јавно обвинителство отвори случај за апсењето на Бошкоски под името „Тортура“ и за ова осомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунзнавање, Сашо Мијалков и командирот на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки за мачење и сурово постапување заради политичка одмазда./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Објавено пред

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..

dobivaj vesti na viber

„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.

Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.

It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.

Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип

Објавено пред

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.

„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.

„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет40 минути

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет52 минути

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија56 минути

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 час

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет1 час

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија17 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија19 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија20 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија20 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...