Контакт

Македонија

Во Собранието претставени приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ

Објавено пред

Денеска во Собранието се одржа заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции со единствена точка на дневен ред – Презентација на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули – декември 2026 година, од Брендан Вард, амбасадор на Ирска за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Романија.

Седницата ја отвори претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, кој им посака добредојде на амбасадорот на Ирска, Брендан Вард, и на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков. Во своето воведно обраќање, претседателот Милошоски се заблагодари за континуираната поддршка што Ирска ѝ ја дава на нашата држава во процесот на европската интеграција.

Во своето обраќање, амбасадорот Брендан Вард истакна дека Ирска има амбициозна агенда за време на претседавањето со Советот на Европската Унија, заснована на три клучни приоритети: конкурентност, вредности и безбедност.

Во однос на конкурентноста, амбасадорот Вард се осврна на слоганот „Една Европа – еден пазар“, нагласувајќи дека економскиот развој останува еден од клучните приоритети на Европската Унија. Тој посочи дека конкурентната земјоделска политика, дигитализацијата на еврото, обезбедувањето еднакви услови за сите претпријатија, како и развојот на биотехнологијата и медицинските истражувања, ќе бидат меѓу приоритетните области на дејствување.

Осврнувајќи се на европските вредности, Вард нагласи дека демократијата, почитувањето на меѓународното право, владеењето на правото и мултилатерализмот остануваат темелните принципи врз кои се заснова Европската Унија.

Во делот посветен на безбедноста, амбасадорот Вард истакна дека главниот фокус и понатаму останува поддршката за Украина во поглед на руската агресија, како и зајакнувањето на одбранбените капацитети на Европската Унија. Тој додаде дека поморската и кибербезбедноста, исто така, претставуваат важни сегменти на европската безбедносна политика.

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, ѝ посака успешно претседавање на Република Ирска со Советот на Европската Унија, оценувајќи дека тоа ќе претставува нов импулс за политиката на проширување на Европската Унија. Во своето обраќање, таа истакна дека Реформската агенда на нашата држава претставува јасен патоказ за напредок, кој се реализира со засилена динамика. Нагласи дека спроведувањето на реформите ќе придонесе за повисок животен стандард на граѓаните, зајакнување на владеењето на правото и изградба на поефикасни и посилни институции.

Милошоски се осврна на трите постулати што ги истакна амбасадорот Вард, нагласувајќи дека нашата држава е усогласена со политиките на Европската Унија.

По воведните обраќања се отвори плодна дискусија во која учествуваа пратеници и заинтерсираната јавност осврнувајки се на нашиот европски пат и реформската агенда.

Најново

Свет24 минути

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава29 минути

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава38 минути

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава45 минути

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет1 час

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет2 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа2 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет3 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет3 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...