Контакт

Македонија

Водата станува прашање на безбедност и развој: Институциите бараат нов пристап во ерата на климатските промени

Објавено пред

Водата претставува стратешки ресурс чија заштита и одржливо управување се од суштинско значење за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Ова беше една од клучните пораки од заедничката 7. сесија на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), што денеска се одржа во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.

Настанот, организиран од Европското движење во Република Северна Македонија, беше посветен на темата „Европските политики за вода во ерата на климатските промени: можностите за интегриран и мултисекторски пристап во Република Северна Македонија“ и собра претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор, земјоделските организации и меѓународните партнери.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека управувањето со водните ресурси мора да биде поставено високо на агендата на националните политики.

„Климатските промени веќе имаат директно влијание врз земјоделското производство и достапноста на водата. Затоа е неопходно да инвестираме во модерни системи за наводнување, подобро планирање и поефикасно користење на водните ресурси, следејќи ги европските стандарди и добри практики“, рече Трипуновски, нагласувајќи дека тоа за Владата е стратешка цел и веќе инвестира во изградба на стабилен систем за наводнување преку градење на нови и реконструкција на постојните брани и хидросистеми.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, посочи дека климатските ризици бараат нов пристап во управувањето со водите.

„Безбедноста на водата повеќе не е само еколошко прашање, туку прашање на развој, економска конкурентност, безбедност и јавно здравје. Затоа е неопходен интегриран систем за управување со водите и подобра координација меѓу институциите, засилена примена на европското законодавство и долгорочни политики засновани врз научни податоци и реални потреби“, истакна Хоџа.

Водата е јасен пример дека современите предизвици не можат да се третираат изолирано, бидејќи водата е бесценет ресурс и нашата заедничка одговорност е да ја зачуваме за наредните генерации, заклучи Хоџа.

Амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, ја нагласи важноста на регионалната и европската соработка во справувањето со климатските предизвици.

„Искуствата на земјите членки покажуваат дека интегрираното управување со водите носи конкретни придобивки за животната средина, земјоделството и локалниот развој. Европската Унија останува силен партнер на Северна Македонија во процесот на усогласување со европските политики и стандарди“, рече Хрицова.

Во рамките на трите тематски панели се дискутираше за европските политики за водна безбедност, потребата од поголема отпорност кон климатските промени, интегрираното управување со водите во функција на земјоделството и руралниот развој, како и за можностите што ги отвора дигитализацијата во управувањето со водните ресурси.

Учесниците се согласија дека е неопходно да се зајакне меѓусекторската координација меѓу институциите надлежни за животна средина, земјоделство, водостопанство и локален развој, како и да се подобри размената на податоци и интероперабилноста на системите.

Во заклучните согледувања беше нагласено дека Република Северна Македонија треба да продолжи со усогласувањето со европското законодавство во областа на водите, да ги зајакне институционалните капацитети за управување со климатските ризици и да инвестира во дигитални решенија што ќе придонесат за поголема транспарентност, ефикасност и одржливост на јавните политики.

Препораките и заклучоците од денешната сесија ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе претставуваат придонес во процесот на подготовка на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Најново

Свет52 секунди

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт1 минута

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава9 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт9 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...

Црна хроника10 минути

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија14 минути

Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors...

Европа36 минути

(Видео) Британскиот премиер: Русија влијаеше на Брегзит; слични работи се случуваат и во други земји

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека е „јасно“ оти Русија влијаела врз референдумот за излегување на Обединетото Кралство од Европската...

Забава39 минути

(Фото/Видео) Девојката на Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа

Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои симпатиите од светот. Таа зачекори на црвениот тепих во волшебна,...

Европа41 минута

Три напади со нож за четири дена: Полска испрати 20.000 полицајци во училиштата

Денес во Полска започна голема полициска операција за да се обезбеди сигурноста на учениците, по три напади со нож во...