Македонија
Возете внимателно кај Близанско кај мостот на Треска
Од Јавното претпријатие „Македонијапат“ на учесниците во сообраќајот во понеделникот попладнето им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај селото Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри.
Екипите на „Македонијапат“ продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.
Инаку во попладневните часови сообраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива без забрани, по влажни коловози.
Сепак, потребно е внимателно управување со возилата кај Обиколницата Скопје која е пуштена за сообраќај во двата правца, но има делови од коловозот кои се оштетени од неодамнешното невреме, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Националниот парк Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила, односно автомобили.
Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите./крај/амсм/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.