Контакт

Македонија

Вработените во обвинителствата: Законот е пропуштена можност за вистински промени

Објавено пред

Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во јавнообвинителскиот систем.

„Особено загрижува што верзијата доставена до Собранието суштински отстапува од решенијата подготвени од Работната група во која учествуваа претставници на Јавното обвинителство, надлежните институции, академската заедница и меѓународните партнери. Голем дел од решенијата што беа резултат на повеќемесечна работа не се рефлектирани во текстот на законот, без притоа да биде дадено образложение за причините поради кои се напуштени.

Иако законот се претставува како дел од реформските процеси и исполнување на обврските од Реформската агенда, во предложениот текст не се препознаваат клучните решенија насочени кон зајакнување на самостојноста на Јавното обвинителство и издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација.

Предложениот закон ги задржува постојните механизми на зависност во управувањето со човечките ресурси, не ги надминува проблемите со недостигот на кадар и не предвидува суштинско подобрување на материјалниот статус на вработените. Дополнително, во верзијата што се разгледува во Собранието е задржан постојниот систем на пресметка на плати.

Особено загрижува што законот се претставува како значаен реформски исчекор, а при неговата анализа произлегува дека најголемиот дел од одредбите се преземени од постојниот Закон за јавнообвинителска служба, додека измените се ограничени и не обезбедуваат суштински промени во системот.

Наместо да обезбеди поголема самостојност на Јавното обвинителство и вистинско издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација, предложениот закон ги задржува постојните ограничувања, не ги надминува кадровските проблеми и не нуди решенија за долгогодишните предизвици со кои се соочува службата.

Предупредуваме дека усвојувањето на ваков закон нема да доведе до зајакнување на институционалните капацитети на Јавното обвинителство, туку ќе ги задржи истите слабости поради кои реформата воопшто беше започната.

Затоа, ги повикуваме пратениците пред конечното усвојување на законот внимателно да ги разгледаат забелешките на јавнообвинителската служба и да обезбедат законски решенија што навистина ќе придонесат за самостојност, ефикасност и професионализација на јавнообвинителскиот систем“, се вели во реакцијата на јавнообвинителската служба на сите обвинителства во врска со Законот за јавнообвинителска служба кој е веќе во собраниска процедура.

Најново

Забава9 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава9 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија9 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт10 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија10 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт10 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт10 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт10 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....